Др. Вело Марковски: Вакцинирањето мора да биде доброволно


ВАКЦИНИРАЊЕТО МОРА ДА БИДЕ ДОБРОВОЛНО.



РЕЗОЛУЦИЈАТА 2361 на Советот на Европа СВЕТЛО НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ.

Дека сепак ќе победат вистинските и демократските начела, потиснати во мината година дава надеж резолуцијата 2361 донесена на 27 јануари 2021 година од Советот на Европа (https://pace.coe.int/en/files/29004/html…) . Оваа резолуција која опфаќа повеќе сегменти околу развојот на КОВИД-19 вакцините е многу значајна по неколку точки, кои се во духот на досегашната воспоставена демократија и човековите права. Во точката 7.3.1 се бара граѓаните да бидат информирани дека вакцинирањето НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО И НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ВРШИ ПОЛИТИЧКИ, СОЦИЈАЛЕН ИЛИ БИЛО КАКОВ ДРУГ ПРИТИСОК на некого за да се вакцинира.

Следната точка 7.3.2 бара да нема дискриминација од било каков вид ако некој не сака да се вакцинира (поради здравствени или други причини). И во точката 7.3.4 – да се обезбеди транспарентност и информации за сигурноста на вакцините и можните несакани дејства, при тоа да се обезбеди да не се шират дезинформации (од било каков тип) по медиумите.

Ова отвара многу нови можности, и во голема мера е сериозна опомена за многу влади од државите на ЕУ и/или нивни компании кои вршеле притисок за вакцинација. Во иднина вероватно ќе се отворат многу судски процеси, особено во случаи кога поради одбивање за вакцинирање некој изгубил работно место, или ако некој бил приморан да се вакцинира а добил сериозни последици по своето здравје.

Бројни полуофицијални извештаи веќе информираат за голем број на сериозни последици врзани со КОВИД-19 вакцините, како и значителен број на умрени. Се оди до таму да се прават пресметки дека ако се извакцинираат планираните 5-6 милјарди луѓе, процентот на смртност ќе биде скоро еднаков со смртноста од КОВИД-19 (научно не потврдени претпоставки).

Да се надеваме дека земјите членки на ЕУ ќе ја почитуваат оваа резолуција, особено во намерата некои држави да ограничат влез поради непримена вакцина.

Ова истотака ќе повлече бројни тужби. Во оваа резолуција (2361) уште еднаш се напоменува дека вакцините се неопходен лек кој треба да биде достапен до секого и особено се потенцира дека веќе со предходни резолуции 1749 од 2010 година и резолуција 2071 од 2015, се забранува богатење со трговија со вакцини. Поради тоа договорите за набавки на вакцини мора да бидат склучувани без посредници (веледрогерии) туку директно меѓу производителот и државата купувач.

Вело Марковски