Др. Нико Беќаровски: Еколошка свест, што беше тоа



#LPG (аутоплин, автогас) е единствениот реален и масовен енергенс за нашите возила, кој со нашиот стандард можеме да си го дозволиме, а колку толку да придонесеме за намалување на загадувањето во нашата презагадена околина.
Цената на #LPG во однос на дизелот/бензинот беше таа која мотивираше голем дел од населението да премине на ова поеколошки прифатливо гориво.


 

Соодносот на цената вообичаено се движеше за 1 литар дизел можеа да се купат 2 литри #LPG.

Овој сооднос во околните балкански држави и денес се уште е скоро идентичен и се движи од 0.48 – 0.55.

Во Македонија на почетокот на летото цената на дизелот беше 61 денар, а на #LPG само 31 денар.
Денес цената на дизелот е 67,50, а на #LPG веќе 44 денари, односно цената на дизелот се зголеми за 12%, а цената на #LPG за цели 33%, односно соодносот се промени од 0.52 до неверојатни 0.66.

Цената на LPG денес не смееше да е поголема од 34-35 денари !!!!

За сите кои евентуално не знаете автоплинот не се произведува од природниот плин, туку од нафтените гасови, така што цената би требало да му зависи само од цената на нафтата.

Со ваква “регулација” на цените на горивата и понатаму ќе бидеме еден голем отпад за европскиот нееколошки КРШ.
Очигледно ЕКОЛОГИЈАТА во Македонија била и останува само предизборно шарено лижавче.

#ШарениЛагиЗаЗеленаМакедонија