Димитар Спасов: Владата да обезбеди интервентен увоз на хемикалии за производство на антисептични и дезинфекциони производи


ОВА Е ДОПИСОТ ШТО ГО УПАТИВ ДО ВЛАДА НА Р.СЕВРЕНА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ НИВНИОТ ОФИЦИЈАЛЕН ФБ-ПРОФИЛ. Сметам дека ќе биде од полза и вие (оние кои мислите дека сте заинтересирани) да го прочитате.

Како компанија која се занимава со производство и полнење на хемиски производи, меѓу кои се антисептични и дезинфекциони производи, сметаме дека треба да бидете информирани со тековната состојба на залихи од хемикалии во државава од кои се прават таквите препарати, нужно потребни во овој кризен период.
Хемикалии кои најчесто се употребуваат како антиспетици се: 1. натриум хипохлорит , 2. формалин, 3. бензалкониум хлорид и 4. трихлосан. Првиот и се наоѓа некако, вториот потешко со двојно повисока цена, третиот и четвртиот ги нема веќе 15-тина дена (барем ние не можеме да ги обезбедиме, а неформално кажано тешко се наоѓаат и во цела Европа). Како дезинфициенси претежно употребуваме етил алкокол 96% (неденатуриран – акцизно добро), а во некои препарати додаваме метанол (во законски дозволени концентрации) и изопропил алкохол. Во моментов, етил алкхол се наоѓа единствено во Квасара Битола кој приоритетно го доставува до медицинските центри, но се стравува дека ќе снемаат меласа (основна суровина за негово производство) доколку Р.Србија одлучи да ја задржи за сопствени потреби. Во недостиг се и хемикалии кои се користат за производство на антиспетични гелови за раце (познат како карбопол – полиакрилна киселина) и антисептични течности за орална дезинфекција (парафармацевтски производ).
Во контекс на ова, го предлагаме следново:
1. Да се дефинира кој антиспетички препарат ќе се употребува за одредени намена и услови каде ќе се употребува (отворено, затворено, зависно од степенот на ризчност за контаминирање, за лична употреба итн итн)
2. Да се пропише во кој обем да се употребува, зависно од времетраењето на дејството откако ќе се изложи на атмосферски услови (пример натирум хипохлорит на повисоки дневни темпратури се разградува за 4-6 часа)
3. Зависно од претходните две квантификации и од обемот кој се’ треба да ги употребува, Владата да обезбеди интервентен увоз за задоволување на потребите за 1, 2 или 3 месеци (колку што се проценува дека би траела кризата), со контролирана цена по која компаниите би го набавиле и со контролирана цена по која ќе се продаваат готовите препратаи. Ова е најбитната поента на нашето обраќање до вас, затоа што дезинфициенси и антисептици мора да има во државаа и мора да се спречи кризното профитерство.
За да ја нагласиме битноста на дописов, ќе ве иноформираме дека, во моментов, антисептичен гел за раце со волумен 500mL и пумпичка се продава за цирка 150,00 ден/ком во малопродажба, а истиот, пред кризниов период едвај некој го купуваше за 70-80 ден/ком. Истиот овој производ ќе достигне и цена од 250,00 ден/ком ако се има предвид дека изопропил алкохолот веќе се нуди за 4,5 пати повисока цена, карбополот се нуди дури и за 10 пати повисока цена, приде што количините се лимитирани и не може да задовалат ниту 1 промил од побарувачката. Бензалкониум хлорид нема веќе 20-тина дена и има некоја најава дека еден од поголемите производители деновиве ќе пушти во промет, но никој не знае по која цена и која количина ќе го задоволи напливот од панични набавки на потрошувачите.
Мислам дека овој допис треба да се сфати многу сериозно, затоа што мерките за рестриктивно движење и употреба на маски и ракавици не се доволни во справување со вирусот. Дотолку повеќе, што огромен број од граѓаните не се ниту свесни дека маските и ракавиците ги користат неправилно, згора што ненормално скапо ги плаќаат. Ако еднаш таа маска се тргне од лицето (па макар човек и да се напие вода), таа маска мора да се фрли, а не да се врати назад на лицето. Приде ризикот е поголем ако таа маска се подместува со оние исти ракавици со кои ги фаќал парите, ташната, кваките, намирниците итн итн … Затоа мора да има заштитини препарати – гел за раце, лосиони за лице, орални и назални антиспетици, затоа мора да имаме контролирана и континуирана набавка на репроматеријалот за нив (вклучително и амбалажата – која станува проблем поради недостиг на кинеските распорснувачи), затоа мора да име строго конторлирано нормативно производство на овие препарати („паметни глави“ одма ќе ги намалат нормативите за поголем профит и ќе лажат народ дека им продаваат дезифициенси), затоа мора да има строго контролирана продажна цена на тие препарати. На крајот, граѓаните мора да се подучат (преку јавни гласила) што значи доволна количина за период од 1,2, 3 месеци и да не се трупаат количини како резултат на паника или слично.
Моето име е Димитар Спасов, по професија хемиски инженер со скоро 30 години работно искуство и ако сметате дека може да бидам од полза (pro bono) контактот со мене може да остварите преку овој профил, или мојот личен профил на фб или преку телефон со број кој го има во телефонскиот именик. Проблемот за кој зборувам станува акутен и не дозволува одлагање. „боље спречити него лечити“ е стара изрека, а само со маски, ракавици и полициски часови ова не може да се реши.
Се обидов да бидам концизен колку можам и ви благодарам за вниманието. Поздрав.


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]