Дамјан Манчевски : Според кои стандарди Инфомакс е медиум?


Според кој стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести.

На порталот има реклама – линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?

Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?

И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.

Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.

А, за вистината и стандардите во медиумите…? Сеуште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век.


Скопје, Штип, Куманово и Тетово уште денеска во карантин, Комисијата за заразни болести на состанок за следните чекори - МИА
Вести

Скопје, Штип, Куманово и Тетово уште денеска во карантин, Комисијата за заразни болести на состанок за следните чекори

Скопје, 7 јуни 2020 () – Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, […]

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот - МИА
Вести

Намалувањето на бројот на заболените, по рекордот в петокот

Скопје, 7 јуни 2020 () – Сто дваесет и пет случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, откако ден претходно во земјава имаше рекордни 180 случаи на заболени од почетокот на епидемијата. Двајца починати […]

Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]