Д-р Нико Беќаровски: По прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите


Многумина прележани од Covid-19 ми го поставија следново прашање :



“Дали може по контакт со заболен, прележаните од Covid-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот??”

Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос. Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.

ТОКМУ ЗАТОА и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите.

Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста.