Д-р Митов: Загадувањето е преважна тема за да остане заробена во муабетот…

Загадувањето е преважна тема за да остане заробена во муабетот: „ – вие 11 години не го решивте, ИЛИ – вие, пак, за 2 години ни план на хартија не напишавте”.

Дополнително, преважна тема е за да се препушти на Дураку, Макрадули, Шилегов (но, ете, се нафатиле самите)…

Да ги оставиме за миг обвинувањата и да се насочиме кон РЕШЕНИЕ.

Мора да се добие помош од надвор, од некој кој знае што и како да направи.

Порано нудев преку дописи, сега преку ФБ : побарајте помош од Харвард.

Шефот на одделот за загадување на воздухот, проф Кутракис, добро е запознаен со нашиот проблем. Дури тој изготви план на активности од каде да се почне.

Ако треба планот нека биде проект помеѓу Харвард и МАНУ, Владата само нека дава поддршка и спроведување на мерките, и да не зависиме дали овој или оној е министер.

Кој и да е на власт – планот нека си тече!

Ако сумата остане слична како што беше и порано – смешна е.


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]