Д-р Митов: Менувањето на навиките не се случува без КРИЗИ


ЗОШТО ГО ПРАВАМ ОВА?



Тргне ли човек да си ги менува навиките, мора да биде на чисто ЗОШТО го прави тоа?

Која му е главната мотивација?

Да победи ли болест, да се чувствува ли подобро, да се ослободи од тежината на вишокот килограми, да биде со своите сакани, да ги расте своите деца, внуци…?

Мора јасно да се знае одговорот.

Зошто?

Менувањето на навиките не се случува без КРИЗИ. И тие кризи човек едноставно треба да ги преброди. Како? Најдобро се надминува кризата ако се потсетите токму на одговорот на ова прашање:

ЗОШТО ГО ПРАВАМ ОВА?

Помислата на тоа што ни е важно, мило и сакано ќе не’ води!

Таа е овој СВЕТИЛНИК кој ни помага низ бурите за да стасаме таму каде сакаме.

ГЛЕДАЈТЕ во СВЕТИЛНИКОТ со упорност и надеж!

Убав викенд!
Д-р Митов