Д-р Митов: Имаме два пата пред нас…


Според бројките во цела Европа, пред нас е долга зима…


 

Имаме два пата пред нас:

првиот, патот на СОРАБОТКАТА и смиреноста,

вториот, патот на ПОДЕЛБИТЕ, кавгите и тензиите.

Преку глава од несериозност и неможност да се сфати СО ШТО СМЕ СООЧЕНИ.

Не е момент за политички поени, не е момент за воено профитерство, ниту за правење паметни на ФБ.

Ако не се стегнеме сега сите како една голема заедница, многумина нема да ја дочекаат следната пролет. Знам, не звучи убаво, но сега не е момент ниту за популизам.

Уште можеме да се спротиставиме организирано и здружено на големиот бран. Па од пролет, пак нека се кара и расправа кој сака.

До тогаш, да се обединиме и да соработуваме.