Д-р Митов: И малите деца знаат што најмногу привлекува внимание


И малите деца знаат што најмногу привлекува внимание:
– скандали, навреди, сеири, препукувања, пцости…
Но, ако далдисаме по лошото – ќе стасаме ли до нешто ДОБРО?
Секако дека нема!
Тргнати по патот на „забавата со злоба” – ем ќе стасаме до полоша состојба, ем злобата околу нас ќе ја впиеме, ќе ни навлезе преку порите до срцето и ќе не’ расипе и нас самите. И самите ќе не’ озлобни.
Социјалните мрежи го нудат ТОКМУ тој избор, секој ден, секој миг.
Сите до еден треба да си го поставиме прашањето:
КОГА КОН НЕШТО ВРТАМ ЛИЦЕ, НА ДРУГО МУ ВРТАМ ГРБ!
НА ШТО МУ ГЛЕДАМ ВО ЛИЦЕ, А НА ШТО МУ ВРТАМ ГРБ на социјалните мрежи, или општо во животот?
Оти не може да се гледа и на исток и на запад во еден миг…

Да одбереме дали највредното нешто што го имаме, ВНИМАНИЕТО, ќе му го подариме на доброто или на злото…



Добра ноќ!