Д-р Игор Јанев: НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава!

НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава
Регионите немаат државно-правен идентитет, а само држава (а не и регион) е субјект на меѓународното право.

И во Судската пресуда јасно е искажано дека иредентизам не е основан и дека другите Грчки наводи и барања немаат правна основа.

Со повикување на „поширок регион” Димитров покажува правната неписменост односно комплетната неедуцираност во меѓународното право.

Имено, правниот идентитет на Држава (односно меѓународно-правниот идентитет на една држава) е основен елемент на меѓународна правната личност, а без правната личност (правниот субјективитет) непостои Државност. (Државност, покрај територија, население и суверена власт, мора да поседува меѓународно правниот субјективитет потребен за склучвање договори и вршење други акти и правни послови).
Во ООН е пракса да државите само информираат управен орган за своето државно име или знаме (односно Секретаријатот или Генсек), а евентуален проблем би можал да настане само доколку друга држава-членка е веке со исто име во ООН, со које новиот апликант аплицира во ООН. А ова кај нас не е случај. Непостои друга држава заведена како Република Македонија.

Со уставните амандмани се доведува во прашање државно-правниот континуитет на Македонија.
Државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јурисдикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотуѓиво и суверено право.


Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд – Харвард) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно право и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS.

Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

Балкан

Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи

Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот […]

Балкан

Државна прослава по повод формирањето на Војска на Косово

По денешното усвојување во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК […]

Балкан

Ново обвинение против градоначалникот на Загреб

Хрватската Дирекција за борба против корупцијата (УСКОК) поднесе ново обвинение против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за две нови обвиненија од аферата „Аграм“. Првото е во врска со работата […]

Балкан

Српската листа ќе се жали на Уставен суд за Војската на Косово

Претседтелот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Горан Ракиќ, смета дека Приштина, со денешната одлуката досегашните Безбедносни сили (ФСК) да се трансформираат во Војска на Косово, изврши атак врз мирот во Косово и […]

Балкан

Харадинај: И Србија доби партнер во Војската на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по усвојувањето на законите со кои се формира Војската на Косово, изјави дека новата косовска воена формација ќе биде војска на мирот и во служба на сите кои живеат во Косово, […]

Балкан

Србија бара итна седница на СБ на ОН поради формирањето Војска на Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска најави оти Белград ќе побара одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединети нации поради формирањето на Војска на Косово. – Тоа е најдиректна закана по […]

Интересно

Натали Портман против законот што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“

Холивудската актерка од израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава. – Законот е грешка, […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*