Д-р. Чибишев: Иако е веќе доцна, се надевам дека одговорните ќе преземат мерки да ги заштитат граѓаните од можноста загадувањето на амбиенталниот воздух


Со почетокот на грејната сезона почнува и атмосферскиот хорор период во големите градови во Македонија. Секојдневно сме сведоци на веќе енормното загадување на амбиенталниот воздух со ПМ честички и останати штетни гасови и пареи од разни хемикалии. ПМ честички исклучително штетно делуваат на горните респираторни патишта намалувајќи ја природната одбрамбена улога на слузокожата и оштетувајќи ги површинските слоеви на органот со што овозможуваат полесно настанување на инфекција која последователно ќе трае подолго и ќе има потешка клиничка слика.



На сето ова ќе се надоврзе и зголемената концентрација на штетни гасови како што се јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, сулфур диоксид, сулфур водород, азотни оксиди , кои покрај генералното штетно дејство на белите дробови, срцето и централниот нервен систем , во голема мера го намалуваат приридниот имунитет и во контакт со телесните течности , преку хемиска реакција, создаваат слаби киселини кои дополнително го оштетуваат површинскиот заштитен слој на респираторните патишта и создаваат погоден терен за накалемување, намножување и и развој на разни бактерии и вируси кои можат да предизвикаат сериозни инфекции на горните и долните респираторни патишта.

Сето ова погоре кажано искомбинирано со опасноста од корона инфекција или инфекција со вирусот на сезонски грип може сериозно да ја искомплицира состојбата не само кај хроничните болни туку и кај потполно здрави луѓе кои секојдневно го дишат вака загадениот амбиентален воздух.
Иако е веќе доцна, се надевам дека одговорните ќе преземат мерки да ги заштитат граѓаните од можноста загадувањето на амбиенталниот воздух да биде причина за дополнително влошување и на ионака тешката епидемиолошко-здравствена состојба во Македонија.


Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

1 Comment

  1. Pa zarem doktorov ne bese edno vreme vo prvite redovi na politikata i sto od ovaa toj ima predlozeno i sprovedeno vo toa vreme. PREDAVNIK E I TOJ SIGUREN SUM, i vo g.z pari da mu dades ke se smee i raduva.

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*