Д-р Беќаровски: Прашања до ценетата г-ѓа Министерка Екатерина Захариева на кои јас немам логичен одговор


ПРАШАЊА ДО ЦЕНЕТАТА г-ѓа МИНИСТЕРКА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА на кои јас немам логичен одговор

На долниве слики е прикажан АБЕЦЕДАРОТ кој е издаден 1925 година во Атина, за да може да учат децата во Егејска Македонија кои зборувале јазик различен од грчкиот. Како основа за АБЕЦЕДАРОТ е земен леринскиот дијалект кој ми е одлично познат, бидејќи го зборуваа моите дедовци, баби, татко ми, мајка ми.

1. На кој јазик е напишан абецедарот ???

2. Ако во Лерин, Воден, Кукуш 1925 година живееле Бугари, зошто Грците би се мачеле да пишуваат нов буквар и латинска абецеда, кога 1925 година веќе имало имало готови испечатени бугарски буквари со кодифицирана азбука и јазик.

З. Зошто во Абецедарот буквите иако пишани на латиница се скоро исти како денешната македонска кирилица, а многу поразлични од бугарската кирилица ???

4. Ако тамошното население зборува различен јазик од бугарскиот, КАКО СЕ ВИКА ТОЈ ЈАЗИК, бидејќи македонскиот нели го измисли Тито 1944 година, односно 20 години покасно од букварот.

5. Ако населението во Вардарска Македонија, комунистите и Коминтерната го натераа да не се чуствуваат Бугари, зошто моите дедовци и баби кои никогаш не живее во Југославија, туку во Грција, СССР, Австралија, дури и во Софија, секогаш велеа дека се македонци и зборуваат македонски. КОЈ НИВ ГИ ИЗЛАЖА ???

6. Ако и покрај се и ние МАКЕДОНЦИТЕ од Егејска Македонија сепак сме Бугари, зошто не побарате од Вашите грчки сојузници во ЕУ, да ни ги вратат имотите, а на тие кои се уште живеат таму да им се признае правото на малцинство и училишта на мајчин јазик ????

Се надевам дека на овие едноставни прашања, кои мене ме мачат, заедно со Вашите ЦЕНЕТИ историчари и академии, ќе се удостоите да ми одговорите.

Со должна почит

Нико Беќаровски


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*