Д-р Беќаровски: Мојата скромна АВГУСТОВСКА прогноза за Македонија



По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката.


 

Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските.

Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот.