Д-р Беќаровски: Јас да си кажам


Јас да си кажам (5)
СУБФЕБРИЛНА И ФЕБРИЛНА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА
Во општиот страв создаден со SarsCov-2, голем дел од Вас драги Фб пријатели секој ден ја мерите Вашата телесна температура.
Многумина овие денови се возбудуваат веќе на вредности од 37.1°С и веднаш посегнуваат по антипиретици (Парацетамол, аспирин, фервекс, ибупрофен, Кафетин итн) и антибиотици.
Медицината познава неколку градации на човековата телесна температура.
■ Под 36°Ц хипотермија, која може да биде животозагрозувачка
■ 36°С до 37°С или според некои автори 37.5°С нормална телесна температура (афебрилност)
■ 37°С до 38°С според некои автори до 38.5°С субфебрилност
■ 38°С до 40°С фебрилност
■ 40°С до 42°С малигна хипертермија
Во сите медицински учебници јасно стои и пишува, субфебрилните температури (37°С-38°С) не треба да се третираат 3-5 дена, БИДЕЈЌИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА БОРБА НА ОДБРАМБЕНИОТ СИСТЕМ НА ОРГАНИЗМОТ со надворешниот натрапник (вирус, бактерија, рикеција, габа, страно тело).
Со неконтролираното и предвремено давање на антипиретици, Вие го супримирате Вашиот одбрамбен имунолошки систем правовремено и со цел капацитет да се избори со инфекцијата.
ПИЈТЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ, А НЕ ДУЗИНА ЛЕКОВИ!!!!
ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ ИНФЕКЦИИ И НЕМА ПРИЧИНА ДА Е ПОРАЗЛИЧНО И КАЈ SarsCov-2
АНТИБИОТИК се дава исклучиво кај докажана бактериска инфекција ИЛИ кај јасно дефинирани лабораториски параметри кои сугерираат бактериска инфекција. Секое друго давање на антибиотик е неоправдано.
SarsCov-2 е вирус и не може да се убие и уште помалку да се превенира со бил кој познат антибиотик.
Ова го знае секој доктор во Македонија и затоа Ве молам препуштете ја медицината на луѓе кои 6-12 години учеле како да Ви помогнат