Бранко Героски: Не е спорно што ги извлекла парите и што си купила стан. Спорно е што ги повлекла парите од банката во пропаѓање…


Лажна вест и дефокусирање на вниманието на јавноста од клучните факти содржи токму изјавата на министерката Ангеловска. Не е спорно што имала пари во банка. Не е спорно што ги извлекла парите (колку и да извлекла) и што си купила стан (што и да купила). Спорно е што ги повлекла парите од банката во пропаѓање откако со назнаката “тајна” е лиферувана информација за проблемите на банката, информација која сигурно дошла да министерката, информација која и дала предност да дејствува пред другите “обични” штедачи. За ова во најмала рака веднаш сњ поднесува неотповиклива оставка, за на истражните органи да им се остави можност да утврдат дали има злоупотреба на службената положба и овластувања.