Бранко Героски: Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм


Вечерва (синоќа), после скандалозната изјава на Заев, бев мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на Заев кои не можат да се соочат со вистината дека нивниот обожуван лидер не е она што беше.
Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм. Никогаш не помислував дека од овој човек, од мојот пријател Зоки, можам да се надевам на вакво нешто. Ваква оркестрирана харанга, вакви страшни и неосновани клевети. Се прашувам дали ноќеска треба да очекувам партиската војска да ми тропне на врата или нешто уште пострашно да се случи…
Во меѓувреме, од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришав и изблокирав многу луѓе за кои вечерва конечно сфатив дека не се способни да мислат со сопствените глави и не го зсслужуваат моето внимание.
Тоа е мојот акциски план и за наредните денови. Кој сака да ме клевети и навредува, ќе мора тоа да го прави на сопствениот ѕид. Јас немам ни време ни енергија со таквите ликови да терам полемики.

Бизнис

УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ се уште во тек

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец. Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали […]

Бизнис

„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции. Од Здружението побараа […]

Вести

Ново рочиште за „Талир“, Илија Димовски побара одлагање

Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. На почетокот на судењето обвинетиот […]