Божиновски: Што би рекле гнидиве – срце планина имаше некој


И ќе вработуваме рамковна дијаспора која нема ни да знае кај и е работно место дур во земјата има 500.000 што живеат со под 100 денари на ден, ќе толерираме неплаќање на данок и струја, ќе никнуваат фашистички клубови во секој град, ќе нѐ продаваат со јазик, историја, идентитет ко стока само за да останат на власт подолго, да докраде што остана баграта на Заев. Единствени полоши од нив се гнидите кои ги поддржуваат за хонорар, работно место, за некое ветување.

 

 

Во криза не се вработуваат уште, секој ден партиска цревна флора, не се прават разни фестивали и не се шетаат 100 души кој никој не знае ни зошто биле, ни кои се по саеми. Истото го видовме и во кризата со короната, дур народот врзуваше крај со крај, многу фирми затворија, луѓе останаа без работа тие купуваа луксузни службени возила за 3,6 милиони евра, Маричиќ гнетеше колку за една фамилија месечно. А околу 90% од тендерите според Антикорупциска се сомнителни. Што би рекле гнидиве – срце планина имаше некој. Сега ќе е и полошо, основаат фирми за тендери за јаглен, за трговија со струја, нит ќе се знае кој колку краде нит ќе се види нешто. Откако се 5 години на власт, три години сме во кризна состојба – состојба која им нуди полесно крадење затоа што можат да се заобиколат стандардните процедури.
Сѐ на сѐ кој е паметен избега пред 20 години. Кој му дојде умот сега вади документи.