Божидар Божиновски: За да понесеш одговорност или да дадеш оставка од морални причини треба да имаш морал


За да понесеш одговорност или да дадеш оставка од морални причини треба да имаш морал. Политичарите кај нас го немаат тој збор во речникот.


 

После сите овие трагедии барем е јасно дека имаме работа со психопати кои по никоја цена нема да се откажат од функција. Познато? Да, истиот филм го гледавме и со Груевски.

И не се толку страшни тие психопати, забораваат сека не се семоќни и дека еден ден ќе им дојде крајот. Забораваат дека истите ко нив сега се по затвори и судења секој ден. Не мислат дека ја изгубиле слободата и со сите тие пари и тоа што е останато од нив како луѓе не ќе можат никаде повторно слободно да прошетаат, секој ден ќе треба да гледаат параноично околу нив.

Сепак, најстрашните се оние меѓу нас. Оние кои се спремни да бранат сѐ, да им ги бранат фотељите натопени во крв, да газат преку секого без милост.

Купени за ситно немаат излез ако нивната партија не е на власт, за тие мали нивни задоволства се спремни да бранат убиства, корупција, криминал…

Сочувство за метвите и одговорност за функционерите!