Божидар Божиновски: Може еден ден е премалку, секој ден треба да е денот на менталното здравје…



Денес е Денот на менталното здравје. Може еден ден е премалку, секој ден треба да е денот на менталното здравје…


 

Затоа што секој ден, секоја сат, секунда е човек со себе, со своите мисли и маки, радости, таги, депресии, стравови. А тие понекогаш изгледаат премоќни.

Можат да те уплашат, да те закочат, да те изолираат од светот, од блиските и љубените, пеколот може да постои во тебе.

Не сум фан на позитивни мисли, инспиративни говорници, лајфкоучови затоа што кога ќе почнеш да веруваш дека можеш сѐ (а не можеш) падот е уште поболен и потежок кога ќе се судириш со тлото на реалнста.

Има денови кога болестите победуваат, има денови кога ние победуваме. Секој на свој начин се бори со тие демони. Ама најважно е да побарате помош од стручно лице. Не е ни срамота ни страшно.