Иначе другари фала ви на сите шо пишавте да ни ја платите казната, но нема потреба од тоа. Казната си ја плативме веднаш. Се брзав да заминам за Скопје и оваa бизарна и глупава работа шо ја изработија од Јавен паркинг само ме изнервира и ми го развлече патувањето па поради нив ми замина цел ден. Ја вакво казнување додека си на лице место до сеа немав видено.
Разбирам да заглавам улица или да напраам прекршок, пеким, казни ме. Да ми се прајш будала дека не ме познаваш или не читаш чија е колата е само обична глупост. Искрено не знам ни дали на таа улица има знак за забрането паркирање? На крај, ја не барам никакви посебни повластувања, паркинг плаќам и коа не треба. На пример у 21.45 кога нема ни потреба да се плати затоа шо останале 15 минути. Да беше нашата кола со 4 исти бројки ваљда ќе се замислеше со тоа канџата, ќе се јавеше да прашаш чија е да не си напраиш проблеми па и некој шамар да лапнеш на некој паркинг.
Вака, си нашол огранизација која мака мачи да собере уреди и да донесе среќа во нечиј дом, во безброј училишта низ цела држава, од кои неколку се во Кавадарци, да придонесе за поквалитетно образование за сите деца и кубури со средства. Тие 40 евра кои денес ги дадовме се уствари нечиј компјутер, храна за нас за цела недела кога одиме низ државата. На крај и некој од вас вработени во паркинг, може да се најде во ситуација кога ќе му биде потребна наша помош. Оти Македонија е ова. На следните избори може ќе останете без работа. А ние? Ние ќе бидеме тука и ќе ви помогнеме без дискусија. Оти луѓе сме, затоа.
#ДонирајКомпјутер