Бојан Велевски: Мамини, татини ќериња и синчиња си праќаме по Европа


Мамини, татини ќериња и синчиња си праќаме по Европа, им местиме победи по ЕУровизии, ги местиме на позиции, ги вработуваме, и сакате успех, напредок, почит према симбол и држава?!


 

Епа, кога ќе ти поклони тато кола не ја пазиш, пошо тато ќе ти купи нова.

А, ко ќе си ја купиш сам, пет пати ќе ја проверуваш на секое искачање да не ти ја гребнал некој негде.

Така и со детево што му “купија” Евровизија мама и тато… не знае да цени, пошо не победи она.. победија мама и тато.

Ароганцијата кај девојкава присутна уште од прв ден по “победата”. Само нејќев да коментирам… демек ајде да дадеме шанса, да бидеме коректни…