Бојаџи: …не можете да ги видите стоејќи оддалеку, отстрана и се плашите правта да не ви влезе во лакираните чевли, иштирканите кошули и белите грла!


Прашањето со кое сум буквално “нападнат“ во последните неколку недели од стотици луѓе, ама навистина стотици е дали ќе се променат нештата во Македонија?! Ама секако, да! Но како ако нема кој да не поведе на тој пат? Каде се лидерите, настојувате со прашањата драги мои?! Ете ги, по патот, ви одговарам! Не ги гледаме, продолжува огромното мнозинство од вас?! Епа, да, затоа што патот по кој тие одат е правлив и не можете да ги видите стоејќи оддалеку, отстрана и се плашите правта да не ви влезе во лакираните чевли, иштирканите кошули и белите грла! Тргнете по патот. Верувајте дека одите по вистинскиот пат дури и кога прашината е толку голема што не можете да ги видите дури и оние што одат покрај вас и зад вас! И ако верувате дека сте на вистинскиот пат, на крајот, кога прашината ќе падне, може да се укаже дека вие сте биле лидерот кој ги водел другите напред! Затоа, не одрекувајте се и не мислете на народот, ако сакате да ве помни патот и правот по кој одите. Доколку ве запамети прашината на времето, тогаш ништо нема да ви биде заборавено!


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]