Блаже Аризанов: Како изгледа еден идеален стартап тим


МАРКЕТЕР (Marketer). Бидејќи дефиницијата за маркетер е широка, одма да појаснам. Лице што е потковано со испалување содржина (статии, постови, видеа). Лице што има работено на funnels, и на affiliate marketing. Ако не знае кој е Russel Branson, не е правото лице за тебе. Ако во животот нема чепнато ClickFunnels, не е за тебе. Ако не знае во рок од пет секунди да ти спомне алатка за клонирање funnels, не е за тебе.



==========================

ПРОДАВАЧ (Salesperson). Продавачот исто не смее да се разбере во класична смисла. Класичниот тип на продавач следува покасно во растот на стартап компанијата, после валидација на хипотезите. Тука продавачот ќе биде лице што формулира и валидира хипотези. Штом валидира хипотези ќе мора да биде океј со усвојување и укинување на претпоставки околу тоа кои му се идеални купувачи. Значи ќе нема фиксна продажна скрипта по која треба да се води.
Идеален профил на продавач би било лице што има работено во мрежен/мултилевел маркетинг. Ваквите лица се зачеличени со упорност, немаат проблем да бидат досадни, баш такви ти требаат за да ти донесат почетни состаноци и клиенти кај кои би си ги валидирал хипотезите. Класичниот корпоративен продавач е навикнат да работи со точна скрипта, на точен пазар. Ако таков тип на продавач го ставиш во стартап компанија, ќе изгуби морал после само третото одбивање. Ако иди од голема фирма, не е за тебе. Ако има работено како продавач подолго време во една индустрија, не е за тебе. Ако има едвај сто конекции на LinkedIn, не е за тебе.

=================

GROWTH HACKER (врска немам како да го преведам). Лице кое стои некаде меѓу маркетерот и СТОто. Значи не е програмер. Не програмира. Но знае тука таму да едитира HTML код, колку за да го натепаат. Знае да подесе автоматизација на маркетинг кампањи. Најнапредното ниво на growth hackers има нешто познавања и од JavaScript. Ако најдеш таков, одма да прибереш и задржиш – NodeJS е префериран програмски јазик на многу програмери а повеќето апликации се веб-базирани, така да одма ќе си се поклопат и погодат со работата.

ВАЖНО – Во рана фаза од стартапот нема шанси да најдеш СТО што нема да ти бара скапа плата, така да не се ни мачи да го бараш (освен ако веќе не си стекнал популарност со излез од претходен стартап, така што луѓето би се тепале да работат со тебе на било што следно). Или најди growth hacker, или самиот стани, со тоа што денес е далеку полесно не-програмер да си подесе вебсајт на WordPress или Е-продавница на Shopify или Firebase аналитика или монолитски сервер (само еден, не збориме за цела архитектура ниту за micro services), ништо скалабилно, значи само колку да имаш за валидирање на хипотезите. Ако не чепнал Google Tag Manager, не е за тебе. Ако не знае што е regex, не е за тебе.