Блаже Аризанов: Појасна е сега логиката на сателити, наспроти училишта?


АМА БЛАГОЈЧО, ПРВО УЧИЛИШТА, ПОСЛЕ САТЕЛИТИ

На една група Македонци, сателитите им стојат невозможни.
На друга, нелогични. Во фазон – ние уште патишта и училишта немаме ко што треба, па сателити ќе сме правеле
Ете да и покажам на втората група каде греши во размислувањето.
Ги гледаме работите низ погрешна призма. Низ линеарност.
На пример – навикнати сме дека едното доаѓа после другото.
Прво тоа, па тоа. Прво училишта, па сателити.
Ова е бидејќи не разбираме што значи експоненцијална ера.
Во експоненцијална ера, можеш небаре како во квантна равенка, да прескокнеш неколку чекори.
Тоа го направи Естонија. Класичната теорија вели дека општествата традиционално се развиваа од аграрно, па индустриско па информатичко. До сега така беше.
Епа Естонија, прескокна неколку чекори. Од аграрно општество отиде право во информатичко.
Кога мозокот е соочен со нелинеарна ситуација, ситуација што не одговара на ортодоксниот модел, се збунува.
Зошто велиш, прво школи? Оти образованието е битно, така?
Оти си навикнат да ги гледаш школите како физички зданија. Епидемијата ете ни покажа дека не се потребни школи, за да имаш образование. Интернетот ни го покажува истото веќе 20 години. Мисијата на вдаховување знаење повеќе не е условена од постоењето на физички зданија наречена училишта.
А ова што значи? Дека училиштата повеќе не го обезбедуваат повратокот на инвестиции што го обезбедуваа порано.
Денешниот модел на училиште е Британски индустриски изум. Првите училишта беа отворени од страна на мелниците за памук пред двесте години Зошто? За да продуцираат цивилизирана маса на луѓе што ќе бидат 1) послушни 2) точни и 3) трезни, и тоа во голема бројка, бидејќи индустријата во тоа време беше трудово-интензивна.
Пази сега – уште навиваш за здание старо 200 години чијашто основна мисија е да продуцира послушни кадри во илјадници.
Уште мешаш образование/education (цел) со школување/schooling (метод).
Од тогаш до пред 20 години училиштата имаа смисла. Но од тогаш наваму како концепт се излишни.
За да развиеш една земја, треба да ги поттикнуваш оние дејности што се најмногу knowledge-based. Односно, оние дејности што продуцираат најголема маргинална корисност.
Во моментот една таква дејност се да речеме сателитите.
Училиштата се излишна ствар. Не можеш да поттикнеш иновација во изградба на училишта. Не можеш да привлечеш врвни мозоци и умови во изградба на училишта. Маргиналната корисност на плус уште едно училиште е речиси рамна на нула, односно ова значи, за џабе фрлање пари.
Но маргинална корисност од изградба на првиот сателит? Е збори ми за ова. Умовите потребни за да продуцираат такво нешто би раздвижиле цели индустрии, цели сектори.
Појасна е сега логиката на сателити, наспроти училишта?


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*