Арсим Зеколи: Сетете се на иницијативите на Али за БалканБенелукс (2012)


Сетете се на иницијативите на Али за БалканБенелукс (2012) за да ја разберете логиката и контекстот за Мини Шенген. Иницијативата на АА се роди како последица на стеснетиот терен на ДУИ поради политиките на Грујо. Али сакаше да избегне од тесното ширејќи го теренот за игра.

Истата ситуација е пресликана денес за Заев и Рама, на кои им е стеснет просторот за манипулативни маневри и очајно бараат да се прошири теренот за подобро сеење магла. За како и со се друго измислено од овие двајца, на крај повторно нивните идеи да се вратат како бумеранг.

Во меѓувреме, нека остане забележено дека Сорос денес ги подржува трите најкомпромитирани по корупција и неслобода премиери во регионот. И дека оној што попуваше за транспарентност, денеска слетува по аеродроми криејќи се од јавност.

Памтете, пред лани се каравме дали во ЕУ ќе влеземе во 2025 или порано. Тоа беше идеа на Јункер. Пред година тврдеа дека Преспа е лек за се. Дека Катица е светица. Дека НАТО носи пари. Дека имаме датум. Затоа, не е проблем иницијативата Шенген. Проблем е како ќе се распадне.

Вести

Американски државјанин со арапско потекло веќе трет ден заглавен во неутралната зона на грчко – турската граница

Веќе трет ден, американски државјанин со арапско потекло се наоѓа во неутралната зона меѓу Грција и Турција кај Еврос, бидејќи не може да влезе ниту во едната, ниту во другата земја, јави дописничката на МИА […]

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]