
Ах, чуден народе, Македонски…
Ти ветуваат гулаг – ракоплескаш.
Ти ветуваат магнетни трамваи – велиш, нема шанси.
А пази, и двете се радикални стојалишта, само едното е десничарско, другото е левичарско.
Радо би видел гулаци, него магнетни трамваи, ој човеку Македонски? До кое дереџе се донесе?
Не за џабе еден мој познаник убаво го сумира – што да очекуваш од народ чиишто политичари го убедиле дека успех претставува ново отворен пешачки премин или ново отворен шопинг центар.