Антонио Милошоски: Кога министерот Димитров ја добил информација од нерезидентниот амбасадор за мега скандалот Рекет?

Никола Димитров можно е да имал и претчувство за Боки Тредичи, но независно од ваквите лични супер-моќи, министерот за надворешни за скандалот Рекет бил информиран во првото тромесечие од 2019та, лично од еден нерезидентен амбасадор, претставник на една од поновите членки на ЕУ, чив близок соработник во Македонија (познат стопанственик) бил исто жртва на изнуда на пари од рекетарско-обвинителската екипа на власта!
Прашањата кои можат да ја интересираат јавноста и обвинителството се: 1. Кога министерот Димитров ја добил информација од нерезидентниот амбасадор за мега скандалот Рекет? 2. Дали Димитров сознанијата за Рекет ги споделил со јавното обвинителство или можеби ја информирал владата на затворена седница? 3. Доколку не го информирал ниту обвинителството, ниту владата, зошто министерот Димитров одлучил да молчи, да не ги пријави сознанијата за Рекет, и да не ја информира јавноста?
Право на МНР Димитров е да си одлучи дали ќе тужи новинари за објава на документи во кои неговото име се споменува во контекст со аферата Рекет. Но, пред да го направи тоа, корисно би било пред обвинителството да даде исказ за конкретните информации кои, во врска со оваа криминално-политичка афера, ги добил од нерезидентниот амбасадор на земја членка на ЕУ во првото тромесечие од годинава!

Балкан

Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја. […]

Вести

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит кај Русковска

Осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. – Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ […]

Вести

Различни ставовите на Мицкоски и Заев за законот за ЈО

Премиерот Зоран Заев смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство, потребно е да се вложат повеќе напори и како што рече „да се надминеме себеси“, додека за […]