Андреева: Да не сме го смениле ова у меѓувреме, па Македонија да е само Скопје? За едни пријатели од Влада прашувам


“Општините во Македонија се административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.” (Извор: Википедија)


 

Да не сме го смениле ова у меѓувреме, па Македонија да е само Скопје? За едни пријатели од Влада прашувам.

Имено, предмалку заврши прес-конференцијата на омилените ми Битиќи и Бектеши, заедно со Бислимовски, каде не известија дека оваа енергетска криза, конкретно во делот со парното во Скопје, ќе се надмине со единствено поскапување од САМО околу 14%, со тоа што разликата меѓу реалната цена на чинење и моменталната ќе бидат 100% субвенционирани од Влада.

Топ! И сега, ај што и во Скопје има домаќинства кои се грејат на струја, пелети, дрва, чии цени се исто така енормно поскапени, ама нивните сметки не ги спомнавте, туку што станува со сите останати општини надвор од главниот град? Знаете дека постоиме, дека и ние се грееме во зимо, дека се’ набутавте во тоа Скопје додека другите општини ви умираат, или ќе ви текне тек пред следни избори? Ова ли е тоа #едноОпшеСвоЗаСите?

Уста искршивте да оцрните некој друг за вашите неуспеси, а вие да сте спасителите, ама среќа па некој од нас има меморија поголема од рипката Дори па памтиме дека енергетскава криза е најавена месеци наназад и додека светот преземаше конкретни мерки истите вие уверувавте дека тоа се шпекулации и непотребни црни сценарија и си теравте кампања. Ама нека, можете вие уште повеќе и уште подобро… Да не однесете во пропаст.