Александра Андреева: Како да препознаеш очај во неколку чекори


Сметководителите бараат меѓуинституционална координација за мерките за поддршка на бизнисот - МИА

Како да препознаеш очај во неколку чекори:


 

1. Очајникот напаѓа жена, зашто е жена, иако е човек и професионалец кој има CV за кое мнозинството може само да сонуваат и ништо повеќе.

2. Истиот тој напаѓа жена на која години претходно на состаноци не знаел што да и одговори и ја молел за совети.

3. “Патриотот” напаѓа жена дека има бугарско државјанство, а на таа иста Бугарија тој лично и дал историја, па од фашисти станаа администратори. Ич да не почнувам за Грција и што се друго продал.

4. Лицето кое сега дури згрозено напаѓа, лани гордо испрати друго лице на Евровизија, фалејќи се со неговото бугарско државјанство и боите на бугарското знаме во спотот. Оти добрососедство де, нели тоа промовираме.

5. Додека ревносно се пењават, забораваат дека пола и повеќе и самите имаат Бугарско државјанство. А и најмалку битно е во ситуацијава. Па една Велика Британија постави човек со неанглиско потекло, поточно Пакистанец, муслиман, за градоначалник на Лондон. Ама не, друго е ова, смртен грев, право за у пеколот!

6. Шокот е уште поголем, зашто, пази молим те, си го сменила името (кое, бај д веј и е лично име и шо сака може да прави со него, ако сака), ама затоа они скроз патриотски, со рака на срце, сменија име на држава на 2 милиони граѓани од кои мнозинството се против тоа. За разлика од нив, ова жениште секогаш и секаде гордо кажува Република Македонија и пред мои очи одби интервју каде ја “замолија” да не кажува!

_____________________________________________
Ама не, патриот е тој што продаде се, му горат живи луѓе поради наместени тендери и он одбива оставки, ниту па сам дава иако ветил 5 пати, секоја изјава е гаф до гаф, реализација на ветени проекти невидена (зашто никој не може да види нешто што го нема) итн, итн. Продолжете ја низата, слободно. Он е патриот, Дан(и)ела не е. Ќе беше смешно, да не беше трагично.
_____________________________________________
Danela, гордост си ми што те познавам!
И има зошто да ти се плашат! ❤️