Финални спортски натпревари на екипите од средните скопски училишта


Средношколските екипи од Скопје учествуваа на финалните натпревари на градскиот Фајнлфор за учебната 2018/2019 што денеска се играа во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Се натпреваруваа осум лиги во четири колективни спортови: ракомет, одбојка, кошарка и футсал, во машка и во женска конкуренција.

Прво место во футсал освоија средношколските екипи на „Цветан Димов“ (мажи) и „Методи Митевски-Брицо“ (жени); во ракомет првопласирани се „Д-р Панче Караѓозов“ (мажи) и „Никола Карев“ (жени); гимназијата „Орце Николов“ е на прво место во кошарка во машка и во женска конкуренција, а  во одбојка првото место го освоија „Методи Митевски-Брицо“ (мажи) и „Раде Јовчевски-Корчагин“ (жени).

На натпреварот во одбојка во женска конкуренција присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов кој изјави дека Град Скопје секогаш ќе ги поддржува учениците, нивните потреби и желби. Рече дека за  да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти, Градот воведе стипендирање на средношколци на подрачјето на Скопје.

-Годинава додели 105 стипендии, лани 100, во висина од 3.000 денари месечно, за осум месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје. Најдобрите екипи од средношколските лиги годинава ќе одат во Подгорица во средината на мај, изјави Шилегов.

За поттикнување и наградување на спортот во средните училишта, Градот обезбеди средства што се наменети за посета на најдобрите градски репрезентации на средните училишта во колективните спортови во еден од збратимените градови на Град Скопје. Досега средношколците имаа  гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија, Белград и Нирнберг, а за оваа година обезбедени се  буџетски средства за патување во збратимениот град Подгорица за најдобрите средношколски екипи во футсал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.

За организација и реализација на средноучилишниот спорт во главниот град, Град Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1 000 натпревари во кои се вклучија околу 7 000 ученици од 29 средни скопски училишта.

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]

Вести

„Рекет“ – епизоди со специјално-обвинителски искази и партиски обвинувања

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води […]