Дел Потро до Мареј: Продолжи да се бориш


Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро ја коментираше одлуката на Енди Мареј да ја заврши својата кариера. Претходно, британскиот тенисер објави дека Вимблдон ќе биде неговиот последен турнир.

  • Енди, само што ја гледав твојата прес-конференција. Те молам продолжи да се бориш. Можам да ја замислам твојата болка и тага. Се надевам дека ќе можеш да ги надминеш. Ти заслужуваш крај на кариерата по сопствена волја, кога и да се случи тоа. Те сакаме, Енди, и сакаме да те видиме среќен, напиша Дел Потро на својот твитер-профил.

Причината за оваа одлука на Мареј е болка во бутот. Британецот се повреди во јули 2017 година, а во јануари 2018 година, тој беше опериран.

Мареј е победник на 47 АТП турнири (од кои 45 се синглови). Играше 11 пати во финалето на Гренд-слем турнирите (барем еднаш на секој од турнирите) и освои три трофеи: УС Опен 2012 и Вимблдон во 2013 и 2016 година. Тој е единствениот двоен олимписки шампион во машки синглови во историјата. Во 2016 година стана првиот рекет на светот.

За потсетување, во првото коло на претстојниот Грен слем Австралија опен, Мареј ќе игра со Роберто Баутиста-Агут.

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]