Зидан: Јас сум одговорен за поразот, го избрав тимот


Зидан: Ќе се обидеме да освоиме трофеј, тоа е во нашето ДНК - МИА

Мадрид, 21 октомври 2020 () – Зинедин Зидан, тренерот на Реал, ја прифати одговорноста за неуспехот на кралскиот клуб на почетокот од Лигата на шампионите и поразот од Шахтјор (2:3).



Шампионот на Украина одигра одлична партија и зеде поени од стадионот „Алфредо ди Стефано“, а Зидан по мечот изјави дека самиот тој ја сноси вината.

– Она што се случи ме вознемири. Се работи и за мене, јас сум одговорен. Не ја видов тимската игра што ја посакував, а кога не го гледате крајниот резултат, вие сте виновни. Тие се на терен и им требаат решенија, рече Французинот.

Тој е свесен дека тоа е само почеток на натпреварувањето, но никој не очекуваше пораз во Мадрид.

– Тоа е лош момент за целиот тим. Покажавме борбеност во второто полувреме. Играчите се вознемирени, тие се шампиони, тоа чувство е нормално. На мене е да најдам решенија бидејќи вакви работи не смеат да ни се случуваат, вели тренерот на Реал.

Тој рече дека тимот нема доверба.

– Кога ќе ви постигнат три гола за половина час, по нашата грешка при првиот гол, тоа е доволно тешко. Ни недостасуваше малку од сè, пред се во самодовербата, што е најважно, додаде Зизу.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*