Жиру играч на неделата во Лигата на шампионите


Жиру играч на неделата во Лигата на шампионите - МИА

Нион, 4 декември 2020 () – Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру е прогласен за најдобар фудбалер на 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.


 

Французинот постигна четири гола на мечот против Севиља (4:0).

Покрај Жиру, за признанието најдобар на колото во ЛШ конкурираа и: играчот за врска на Башакшехир – Ирфан Кавеџи, фудбалерот на Салцбург – Мергим Бериша и членот на Интер – Ромелу Лукаку.