Женската У-19 селекција се пласираше во Лига А за пласман на Европското првенство

Untitled-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Izvor/ ffm.mk


Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европско првенство.

Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0).

Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.

На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во втората минута погоди за водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го постигна голот за победа на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK