Зенит „гази“ во Евролигата, падна и Барса




 

Зенит Санкт Петерсбург имаат совршен старт на Евролигата, откако по фантастичната победа на гости кај Ефес, вечерва во својата арена ја срушија и Барселона со 74:70.

Барселона имаше подобар старт на мечот во „Јубилени“ пред 2.200 гледачи, но не успеаја да направат голема разлика и на полувреме имаат 3 поени предност. Во неизвесната последна четвртина, Зенит на 23 секунди дојде до победа преку слободните фрлања на Пангос. Американецот Алекс Појтрес и Били Барон имаа по 16 поени за Зенит, додека Никола Миротиќ беше најефикасен кај Каталонците со 14 поени.

Црвена звезда стигна до убедлива 90:73 победа над Басконија на домашен терен, предводени од Џордан Лојд со 30 поени.

ЕВРОЛИГА, 2.КОЛО

Црвена звезда – Басконија 90:73 (23:16, 13:15, 29:18, 25:24)

Зенит Петерсбург – Барселона 74:70 (16:19, 19:19, 19:17, 20:15)