„За да си успешен во Реал мора да играш како што ти „свират“ медиумите“

„За-да-си-успешен-во-Реал-мора-да-играш-како.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Герет Бејл (34) е некој кој може да му подели совет на Џуд Белингем (20). Младиот Англичанец експресно се наметна како лидер на Реал, откако во летниот преоден рок пристигна од Дортмунд во Мадрид.


„Најголемиот совет што можам да му го дадам е да ја игра играта. Ако не ја игра и не го прави она што го сакаат медиумите, а тоа е да разговара со нив и да се однесува како да е кукла, ќе биде изложен на критики. Многу Галакткоси се однесуваат како Галактикос – прават што сакаат медиумите, ја играат улогата што се бара во Реал.

Тоа веројатно беше мојот проблем затоа што не сакав да го правам тоа, сакав само да играм фудбал и да си одам дома. Затоа повеќе ме критикуваа. Затоа, мојот искрен совет би бил дека тој мора да ја игра играта на Реал и надвор од теренот. Мора да зборувате по натпреварот и да се обидете да го направите тоа на шпански и да правите такви работи“, рече Бејл во емисијата „Сопствена Лига“.

Бејл од 2013 до 2022 година беше член на Реал, во кој премина за повеќе од 100 милиони евра од Тотенхем. Според „Трансфермаркт“, тој за клубот одиграл 258 натпревари, постигнал 106 гола и забележал 67 асистенции.

Со Реал освои 18 трофеи и постигна клучни голови за освојување на Лигата на шампионите, но често беше критикуван поради неговото несериозно однесување. Тој ја заврши својата кариера во јануари 2023 година како член на ФК Лос Анџелес.

Белингем летово пристигна во Реал од Борусија Дортмунд. Фиксното обештетување за англискиот офанзивен играч за врска е 103 милиони евра, а со бонуси може да се искачи до 130 милиони евра.

Белингем имаше фантастичен почеток на сезоната, постигна 13 гола и трипати асистираше на 14 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK