Во дербито во женскиот фудбал Каменица Саса подобра од Деспина Прилеп


Во дербито во женскиот фудбал Каменица Саса подобра од Деспина Прилеп - МИА

Македонска Каменица, 28 септември 2020 () – Во дербито од Првата женска фудбалска лига екипата на Каменица Саса повторно ја презеде лидерската позиција на табелата откако на градскиот стадион во Македонска Каменица славеше над директниот конкурент за првото место, екипата на Деспина Прилеп. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Ана Димитровска од пенал.



Во екипата на Каменица Саса поради позитивни на Ковид-19 недостигаа неколку стандардни играчи што според стручниот штаб уште повеќе ја прави ,,слатка” победата.

Борбата за првото место продолжува во следното коло за кое претендираат три екипи со ист број на бодови, од кои ,,Каменица Саса” предничи поради подобрата гол разлика.

Екипата од М.Каменица има добра шанса во следното коло да ја задржи лидерската позиција, додека екипата на Деспина Прилеп ќе игра против уште еден конкурент за висок пласман, екипата на Тиверија.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*