Ламине Јамал, чудото од дете на Барселона, во Порто испиша историја во натпреварот од Лигата на шампионите, кој тимот од Каталонија го доби со 1:0.
Јамал стана најмладиот стартер во историјата на најсилното европско клупско натпреварување бидејќи играше со само 16 години и 83 дена. Така продолжи неделата од соништата на Јамал, бидејќи два дена претходно потпиша професионален договор со Барселона со откупна клаузула од една милијарда евра.
Сепак, во 73. минута, Јамал истрча од теренот и не се врати во игра. Откако Барселона речиси десет минути играше со играч помалку, Чави отсутниот Џамал го замени со Маркос Алонсо.
По натпреварот Чави објасни што се случило.
„Ламин се чувствуваше лошо. Уште пред натпреварот ми кажа дека не се чувствува добро. Го болеше стомакот. Ја искористивме паузата за да може да оди во тоалет, но не можеше да продолжи да игра“.
Foto/ Football Espana