Вимблдон ќе биде обесштетен од осигурувањето со 114 милиони евра


Вимблдон ќе биде обесштетен од осигурувањето со 114 милиони евра - МИА

Лондон, 7 април 2020 () – Организаторите на Вимблдон објавија дека ќе добијат 114 милиони евра од осигурителното друштво поради откажување на турнирот. Според нив, 23 милиони евра ќе бидат распределени на клубови, на судии, на играчи, на турнири кои се погодени со кризата од коронавирусот.

Поради пандемијата на коронавирус се откажани 34 турнири, но само Вимблдон имаше осигурителна полиса за таков случај. Таквата пракса кај организаторите е од 2003 година и појавата на вирусот САРС во светот, па во полисата вклучија ризик за одложување на турнирот за што секоја година уплатуваа по 1,7 милиони евра.

Останатите Гренд слем турнира што треба да се одржат до крај на годината (Ролан Гарос, Ју-Ес опен) немаат такви полиси. Затоа и заканата за губење на 250 милиони евра во случај на откажување на натпреварите.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]