Вилијан: Повеќето играчи не се чувствуваат удобно да играат



Лондон, 17 мај 2020 () – Играчот од средниот ред на Челси, Вилијан, изјави дека повеќето играчи во Премиер лигата не се чувствуваат пријатно да играат во оваа фаза. Англиското првенство беше суспендирано во март, но на Островот се надеваат дека ќе продолжи шампионатот во јуни, иако има повеќе од 200.000 заразени во земјата.


 

– На многу играчи, повеќето од нив, би рекол дека им е непријатно да се вратат на теренот сега. Ние навистина сакаме да се вратиме на теренот, ни недостасува да играме и да го правиме она што го сакаме. Но, мора да е безбедно за да го сториме тоа. Нашето здравје е во прв план. Во нашиот тим многу разговаравме на Интернет, имавме вообичаени разговори. Лампард ни испрати информации за тоа што Премиер лигата сака да направи. Сè уште не знаеме како ќе се развиваат работите во иднина. Се надеваме дека во следните неколку дена ќе има нова средба и тие ќе ни дадат до знаење кои се следните чекори, изјави Вилијан.

Бразилецот е еден од многуте играчи во Англија кој изрази загриженост за идејата за продолжување на првенството на 12 јуни. Слично мислење имаа и Серхио Агуеро, Трој Дини и Дани Роуз.