(Видео) Турција победи во Хрватска, Албанија ја прегази Чешка, Шпанија се мачеше но ја победи Шкотска

Видео-Турција-победи-во-Хрватска-Албанија-ја-прегази-Чешка-Шпанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Турција славеше во Хрватска со 1:0 и направи голем чекор кон пласман ЕУРО 2024. Натпреварот на „Опус арена“ во Осиек беше прв на Винченцо Монтела како селектор на Турција.


Трет пат од распадот на Југославија, Хрватска загуби квалификациски натпревар за Европско или Светското првенство како домаќин.

По Англичаните во 2008 година и Шкотите во 2013 година, на хрвтаска почва се радуваа Турците.

Турците одигра одличен натпревар, од почетокот се наметнаа на теренот, пропуштија три шанси во воведните 12 минути. Ливаковиќ успеа да ги спречи тие обиди, но направи голема грешка во 30.минута кога му овозможи на Јилмаз да го постигне единствениот гол.

Турците сега имаат 13 бода на првата позиција во Д групата. Со натпревар помалку и 10 бода Хрватска е втора.

Во недела Хрватска гостува во Велс, а Турција ќе ја пречека Летонија.

Во групата А, Шпанија ја совлада Шкотска и го нанесе првиот пораз во квалификациите и тоа откако спектакуларниот гол на Мектомини беше поништен. Мората во 74. минута погоди за 1:0, а конечните 2:0 ги постави дебитантот Сансет во 86. минута.

Норвешка славеше на Кипар со 4:0, головите на Серлот, двапати на Халанд и Орснес.

Шкотска е прва со 15 бода од шест меча, Шпанија има 12 од пет меча и Норвешка 10 од шест меча.

Само чудо може да ги спречи албанските фудбалери да настапат на ЕП. Тие вечерва во Тирана ја победија Чешка во групата Е со 3:0.

Избраниците на бразилскиот селектор Силвињо играат одлично во овој циклус, а поведоа со фантастичен гол на Асани во деветтата минута. Во 40. минута Чесите останаа со десетмина, поради вториот жолт картон на Читил, а во продолжение Албанците постигнаа уште два гола. Сефери беше двоен стрелец во 51. и 73. минута.

Полска беше под голем притисок по очајните игри и смената на селекторот Фернандо Сантос, но успеа да слави со 2:0 на гостувањето кај Фарските острови. Стрелци беа Шимански во четвртата и Букса во 65. минута.

Албанија во ноември има дуели со Молдавија и со Фарските острови и се чини дека ја заврши работата околу пласманот на ЕП.

Албанија е лидер на табелата со 13 бода од шест меча, Полска има 9 бодови од шест меча, Чешка е на 8 бода од пет меча, Молдавија исто така има 8 бодови од пет меча, додека Фарските острови имаат само еден бод.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK