Верона со победата во Лече (1:0) освои исклучително важни бодови во борбата за опстанок во Серија, но резултатот од натпреварот дефинитивно нема да биде во преден план. Губитник на денот е тренерот на Лече Роберто Деверса.
Тренерот на Лече, Роберто Даверса, по последниот судиски свиреж, на крајно непримерен начин му пријде на напаѓачот на Верона Томас Анри и го удри со глава, по што Французинот падна на земја.
Настана мешаница и туркање, а главниот судија на натпреварот му покажа директен црвен картон на гостинскиот играч, додека тренерот на Лече допрва ќе ја дознае казната. По се она што се случи таа нема да биде мала.
Lecce coach Roberto D’Aversa appeared to headbutt Verona striker Thomas Henry at full time….. pic.twitter.com/FUI78TAkht
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) March 10, 2024