Тотенхем ја оствари втората победа оваа сезона во Премиерлигата откако го совлада Борнмут на гости со 0:2. Во моментот, тоа значи и прво место на табелата за составот на Анге Постекоглу, со седум освоени бода.
Новото засилување Џек Медисон донесе водство во 17.минута, а триумфот го потврди Дејан Кулушевски со погодокот во 62.минута од мечот.