Астон Мартин потврдија дека Ленс Строл нема да биде способен да стартува на Сингапур ГП трката денеска во 14 часот, откако вчера беше вклучен во огромен судир во квалификациите за трката.
Строл ја загуби контролата на болидот на последната кривина и при брзина до речиси 200 км/ч се удри во бариерите, комплетно уништувајќи го својот болид. Канадскиот возач, за среќа, не беше повреден, но тимот реши да не ризикува.
„Ленс се опоравува по силниот судир и сега главниот фокус е на целосно опоравување пред Јапонското ГП“, се вели во објавата на Астон Мартин.
На негово место нема да има замена, бидејќи тимот не успеа навреме да го поправи болидот.
A huge impact ended Lance Stroll’s qualifying session early#SingaporeGP #F1 pic.twitter.com/xnpOGSsgsZ
— Formula 1 (@F1) September 16, 2023