(Видео) Србија по пауза од 24 години повторно ќе игра на ЕП

Видео-Србија-по-пауза-од-24-години-повторно-ќе-игра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Србија е втората репрезентација од Г групата која избори пласман на ЕУРО 2024. За Србија престојното ЕП ќе биде прво по пауза од 24 години. Претходно од оваа група место на континенталниот шампионат избори Унгарија. Попладнево Србија одигра 2:2 со Бугарија, а Унгарија ја победи Црна Гора со 3:1.

Вистинска драма се одвиваше до 69.минута во оваа група. Во тие моменти Бугарија поведе против Србија во Лесковац, а Црна Гора имаше минимална предност против Унгарија во Будимпешта. Тие резултати покрај Унгарија ја носеа Црна Гора на ЕП.

Сепак во Будипмешта, играчот на Ливерпул, Доминик Собослај со два гола во две минути направи пресврт, откако Црна Гора водеше со голот на Рубежиќ во 36.минута. Точка на натпреварот стави Наѓ во 83.минута.

Србија, на домашен терен доминираше прптив Бугарија, но повеќето од нападите беа јалови. Водеа Србите со голот на Вељковиќ од 16.минута. Десподовво првоот поливреме ја погоди гредата и со резултат 1:0 заврши првиот дел.

Во второто Бугарите ги шокираа пртивниците во интервал од 10 минути. Русев изедначи во 59.минута, а Десподов во 69, им донесе предност, На крајот резми за Србија избори Бабиќ со голот во 82.минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK