Францускиот првак Пари Сен Жермен стигна до првата победа во новата сезона од Лига 1. Во третото коло, „светците“ го победија Ленс на „Паркот на принцовите“ со 3:1.
Со Мбапе во тимот, ПСЖ е сосема поинаков. Ѕвездата вечерва постигна два гола и го реши победникот, а триумфот го најави Марко Асенсио со голот во 45.минута.
Ленс погоди во судиското продолжение преку Гилавоги.