(Видео) Сити падна во Бирмингем, Мектомини е херојот на „Олд Трафорд“

Видео-Сити-падна-во-Бирмингем-Мектомини-е-херојот-на-„Олд.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два фантастични ја затвроија вечерашната програма од 15.коло во Премиер лигата. Во Бирмингем, Астон Вила го победи Манчестер сити (1:0), а во Манчестер Јунајтед славеше над Челси 2:1.


Во последните 23 натпревари, Астон Вила победи само еднаш против Манчестер сити, пред десет години. Ова е прва победа на Унаи Емери во соочувањата со Пе Гвардиола, чии тим нема победа на последните четири натпревари во Премиер лигата. На претходните три „граѓаноте“ ремизираа.

Решавачкиот момент се случи во 74. минута, по одличното додавање на Тилеманс, Бејли шутираше, топката на патот кон голот го зафати Рубен Диас и го измами Едерсон.

Астон Вила можеше да го обезбеди триумфот во 86. минута, но ударот на Даглас Луиз заврши во стативата.

Астон Вила го скокна Сити на табелата. Вила со 32 поени е на третото место, Сити има два помалку на четвртата позиција.

На Олд Трафорд навивачите го слават Скот Мектомини, со чии голови Јунајтед го победи Челси. На првиот гол на домаќините му претходеа серија шанси на двете страни, вклучувајќи го и промашениот пенал на Бруно Фернандеш во деветтата минута.

Сепак, десет минути подоцна Мектомини му донесе на Јунајтед заслужено водство. Кога домашните навивачи најмалку очекуваа, одбраната на Манчестер киксна, израмни Палмер во 45. минута.

Но, уште еднаш оваа сезона патото до победата на „црвените ѓаволи“ им го трасираше Мектомини, кој ја искористи асистенцијата на Гарначои постигна гол во 69. минута.

Челси на последните 12 натпревари во Премиер лигата нема победа над Јунајтед.

Манчестер јунајтед се шестти на табелата со 27 бода, Челси има скромни 19 поени и се наоѓа на 10.место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK