(Видео) Седум гола на „Велодром“, хет-трик на Обамејанг и победа на Марсеј

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Олимпик Марсеј, Ливерпул и Виљареал вечерва обезбедија пласман во нокаут фазата во Лига Европа.


На „Велодром“ во Марсеј, домаќинот три пати водеше но не успеа да го поебди Ајакс (3:3).

Пјер-Емерик Обамејанг му донесе водство на Олимпик од пенал во деветтата минута, израмни Брајан Броби само една минута подоцна. До крајот на првото полувреме Мбемба му ја враи предноста на Олимпик, која ја поништи пет минути подцна Борби со својот втор гол.

По три минути игра во вториот дел Обајенг со својот втор гол вечерва му донесе ново водство на Марсеј. Ајакас во 65.минута остана со играч помалку, но успеа да изедначи со голот на Акпом во 80.минута. Победата на Марсеј со третиот гол, втор од пенал му ја обезбеди Обамејанг во 93.минута.

Со оваа победа Олимпик се врати на првото место на табелата со 11 бода, еден повеќе од Брајтон, АЕК има четири, а Ајакс два бода.

Ливерпул го обезбеди првото место во групата Е и пласман во осминафиналето со убедливата победа од 4:0 над ЛАСК на „Енфилд“. Головите за Англичаните ги постигнаа Луис Дијаз, Мохамед Салах, а два пати погоди Гакпо.

Во истата група Тулуз и Унион Сент Жилоа одиграа без голови – 0:0.

Баер Леверкузен ја забележа петтата победа во групата Х. „Фармацевтите“ како гости славеа против шведски Хакен со 2:0 со головите на Виктор Бонифас и Патрик Шик. Молде и Карабаг ремизираа во иста група – 2:2.

Во групата Г, Сервет и Рома одиграа нерешено 1:1, а Славија од Прага победи со 3:2 против Шериф во Тираспољ со голот на Мухамед Тијани од пенал во судиското надополнување. Спарта и Рома од оваа група обезбедија место во следната рунда.

Во групата Ф, Виљареал беше подобар од Панатинаикос со 3:2 три и обезбеди пласман во нокаут фазата.

Натпреварот од групата Ц меѓу Ренџерс и кипарски Арис заврши нерешено 1:1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK