Борусија Дортмунд одигра само 1:1 на гости против Бохум, а Унион Берлин беше убедлив и славеше со 1:4 на гостувањето кај Дармштат.
Хајденхајм во финишот загуби дома со 2:3 од Хофенхајм, а Волфсбург освои три бода на гости против Келн.
Кевин Штогер во 13.минута донесе предност за Бохум, а израмни Дониел Мален во 56.минута. „Милионерите“ сепак не успеаја да постигнат победнички погодок.
Робин Госенс имаше одлично издание за Унион Берлин и постигна два гола во триумф од 1:4 против Дармштат.