(Видео) ПСЖ преживеа во 98.минута, дебакл на Милан, Црвена звезда испадна од европските купови

Видео-ПСЖ-преживеа-во-98минута-дебакл-на-Милан-Црвена-звезда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлични натпревари беа забележани во вторникот вечерта во рамките на Лигата на шампионите. Актуелниот првак Манчестер сити после 0:2 успеа да го победи Лајпциг, ПСЖ спаси бод против Њукасл во 98.минута, Борусија на „Сан Сиро“ го декласира Милан и се пласираше во нокаут рундата. Атлетико со два авто-гола победи во Ротердам и заедно со Барселона која славеше над Порто на коло до крајот се пласираше во осминафиналето. Црвена звезда испадна од европските натпреварувања, откако промаши голем број шанси и на крајот загуби во Берн од Јанг Бојс.


Њукасл поведе во париз со голот на Исак на додавање на Алмирон во 24. минута. ПСЖ се обидуваше да изедначи и на крајот успеа од сомнително досуден пенал преку Мабпе во 98.минута.

Дортмунд обезбеди нокаут фаза со победата во Милано од 3:1. Лошо започна за Милан, Жиру промаши пенал во шестата минута.

Четири минути подоцна пенал на спротивната страна. Ветеранот Марко Ројс погоди за 0:1. Милан израмни преку Чуквуезе во 37.минута. Сепак, во продолжение „милионерите“ беа одлични, триумфот го остварија со головите на Бино-Гитенс во 59. минута и Адејеми во 69. минута.

Последното коло ќе биде многу интересно во оваа група Ф. Дортмунд сега има 10, ПСЖ 7, а Милан и Њукасл по пет бода. Во последното коло Милан гостува во Њукасл, а Борусија ќе го пречека ПСЖ.

Манчестер сити го обезбеди првото место во својата група, откако со пресврт го победи Лајпциг со 3:2. Лајпциг водеше по првиот дел со головите на Опенда.

Пресвртот го направија Халанд, Фоден и Хулијан Алварез.

Атлетико Мадрид, славеше на гости во Лигата на шампионите прв пат по март 2021 година, кога го победи Манчестер јунајтед во осминафиналето. Во 14.минута, Гертруида несмасно реагираше и си постигна авто-гол. Предноста со спектакуларен гол во 57.минута ја зголеми Ермосо.

Надежта на Холанѓаните им ја врати Вејфер кога погоди во 77. минута, но домашните четири минути подоцна си постигнаа уште еден автогол, стрелец беше Хименез. Атлетико и Лацио во последното коло ќе решат кој ќе биде прв во групата, додека Феенорд ќе продолжи во Лига Европа.

Јанг Бојс и Црвена звезда се бореа за третото место и пласман во Лига Европа. Откако во првите шест минути српскиот тим пропушти две чисти шанси, казната ги стигна со авто-голот на Недељковиќ во осмата минута. Уште една шанса промаши Црвена звезда, по што Блум во 29.минута Јанг Бојс ја зголеми предноста. Во вториот дел Хванг ја погоди стативата, Мијатовиќ лошо реагираше од изгледна позиција, а Красо промаши во ситуацја еден на еден.

Во последното коло Феенорд ќе навива за Атлетико. Доколку Атлетико го победи Лацио, а Феенорд слави во Глазгов над Феенорд, тогаш тимот од Ротердам ќе биде втор во групата Е.

Победа со пресврт забележа и Барселона. На „Монжуик“, Каталонците славеа со 2.1. Португалците поведоа на „Ноу Камп“ преку Пепе во 30. минута, Португалецот Кансело во 32. и Жоао Феликс во 57. минута му ја донесоа победата на каталонскиот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK